На Богородица откриени 97 мигранти во товарно возилоСкопје, 31 мај 2016 (МИА) - На граничниот премин Богородица во приколка на товарно возило со српска регистрација пронајдени се 97 мигранти со непозната националност и без документи за идентификација.
Возилото, како што денеска соопшти Царинската управа, било натоварено со фолија за пакување кафе од грчки извозник, наменета за увозник од Србија.
Лицата се предадени на Министерството за внатрешни работи за нивно натамошно постапување.
|