Пат низ Европа за 12 македонски студенти

Скопје, 31 мај 2016 (МИА) - Во организација на Граѓанската асоцијација МОСТ и ова лето преку проектот „Патуваме во Европа“, 12 студенти од Македонија ќе добијат уникатна можност да ја истражуваат Европа и да ја промовираат својата земја.

Студентите кои сакаат да бидат дел од тимот кој 22 дена ќе патува низ Европа можат да ги поднесат своите апликации до 29 јуни. Конкурсот е отворен за сите студенти во завршна година на студирање или апсолвенти, кои имаат просечна оценка поголема од 8,0 во текот на студирањето. Приоритет имаат оние студенти кои досега немале можност да патуваат.

Од МОСТ, со помош на донаторите и спонзорите, обезбедени се Inter Rail карта за неограничено патување со воз во времетраење од 22 дена, ISIC картичка,  патничко осигурување и дел од средствата кои ќе им бидат потребни за патувањето, на платежна картичка. Дополнително, за сите студенти кои ќе патуваат, донаторот Robert Bosch Stiftung организира фестивал во Берлин, од 25 до 28 јули, после кој секој студент самостојно ќе го продолжи своето Европско патешествие.

Конкурсот за пријавување на студенти е отворен до 29 јуни, а патувањето ќе започне на 25 јули. Аплицирањето е електронски, а формуларите и сите информации и детали за проектот се достапни на интернет страната HYPERLINK "http://www.patvoevropa.org.mk/"www.patvoevropa.org.mk.

Целта на овој проект е 12 студенти од Македонија, преку патување и посети, директно да се запознаат со демократските вредности, навики и култури во другите земји, и да ги промовираат и доближат тие вредности во Македонија. Во исто време студентите ќе ја промовираат и Македонија.

„Патуваме во Европа” последните девет години е регионален проект, кој освен во Македонија се реализира и во останатите земји од Западен Балкан, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, како и Косово.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...