Во ПТЦ Гевгелија престојуваат 139 бегалци

Гевгелија, 31 мај 2016 (МИА) - Во привремениот транзитен центар во Гевгелија се уште престојуваат 139 бегалци кои останаа по затворањето на балканската рута, а предприемниот шатор кој се наоѓа надвор од кругот на кампот е празен, информираа надлежните од регионалниот Центар за управување со кризи во Гевгелија.

Тоа значи, посочуваат, дека во изминатото деноноќие немало нелегални преминувања на границата со Грција затоа што таму се сместуваа бегалци кои преминуваа илегално на наша територија и по проверката беа враќани назад.

Целосно е испразнет и дивиот камп во Идомени по што осетно се релаксира состојбата на јужната гранична линија. Бегалците најблиску до нашата граница, јави дописникот на МИА, се уште може да се забележат на дваесетина километри во внатрешноста на Грција во провизорниот камп покрај автопатот кај Поликастро.

Во текот на вчерашниот ден од ПТЦ Гевгелија за Скопје биле пратени две родилки во приватната болница „Систина“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...