Објавена „Ракопис на светлината“ од Билјана Жеревска

Скопје, 31 мај 2016 (МИА) - Во издание на книгоиздателството „Макавеј“ од Скопје излезе од печат книгата „Ракопис на светлината“ од Билјана Жеревска, уредник на емисии во Македонската радиотелевизија.

Станува збор за оригинален концепт и за прво печатено издание на телевизиски интервјуа кај нас со видни личности од Македонија, кои оствариле успешни кариери и резултати во својот живот.

Низ 29-те различни животни приказни, во дијалошка и лесно читлива форма, се изнесени предизвиците и искушенијата во професијата и животот на академици, научни работници, професори, хирурзи, творци во литературата, музиката, сликарството и архитектурата, режисери, актери, фотографи и политичари.

Во книгата се застапени приказните на академиците Нада Поп-Јорданова и Влада Урошевиќ, на професорите Александар Анчевски, Саша Митрев, Тихомир Стојков, Јордан Јанев, Јелена Лужина и Илија Велев, на кардиохирургот Владимир Чадиковски, писателите Владимир Плавевски, Веле Смилевски, Раде Силјан, Бранко Цветкоски, Владимир Мартиновски и Блаже Миневски...

Телевизискиот серијал на документарни портрети на новинарката Билјана Жеревска со личности што оставиле трајни траги во нашата култура и општество беше создаван во текот на изминатите пет години и беше емитуван и повеќекратно репризиран на МРТ.

Билјана Жеревска (Скопје, 20 август 1972), дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Работи како уредник на емисии во Документарната програма на МРТ. Автор е на многубројни тематски емисии, интервјуа и репортажи од странство. Има преведено два романа од современи автори: „Vita brevis“ од Јустен Гордер и „Сараевски Марлборо“ од Миленко Јерговиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...