МОН подготвено за државната матура и екстерното тестирање

Скопје, 31 мај 2016 (МИА) - Министерството за образование и наука (МОН) е подготвено за полагањето државна матура и за екстерното тестирање, најави денеска заменик министерот за образование и наука Сприо Ристовски.

- Комплетно сме подготвени. Веќе се генерирани распоредите за полагањето на екстерното тестирање, а во завршна фаза ни се сите технички подготовки. На веб страницата на Државниот испитен центар јавно се понудени распоредите за екстерното тестирање и државната матура, рече Ристовски, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во МОН.

Тој прецизира дека државната матура се полага во викендите во периодот од 4-ти до 15 јуни.

- Не очекувам да има некакви проблеми за да ги запазиме роковите за уписите на средношколците кои ќе бидат потенцијални студенти. Се водеше сметка и за распоредите во делот на полагањето на екстерното тестирање за учениците од  завршните години на основно образование да бидат во првите групи кои ќе полагаат за да можат  навреме да аплицираат за упис во средните училишта, рече Ристовски. 

Екстерното тестирање на учениците од четврто одделение во основно образование, до трета година во средно образование, како што и беше најавено, ќе се спроведе во периодот од 7-ми до 11 јуни.

Распоредите за тоа кои ученици кој ден ќе полагаат се веќе објавени на интернет страницата http://prasanjaeksterno.dic.edu.mk, а таму на три дена пред полагањето, но и на списоци во училиштата, секој ученик ќе може да види по кој предмет ќе биде тестиран.

Годинава ќе бидат тестирани 178.648 ученици, од кои 121.371 се основци, а 57.277 средношколци, а државна матура ќе полагаат околу 20.000 средношколци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...