Годишен извештај за лекови: Зголемена достапност и потрошувачка

Скопје, 31 мај 2016 (МИА) - Лекови на рецепт на товар на Фондот за здравствено осигурување на Македонија во 2015 година подигнале 1,25 милиони осигуреници. Потрошувачката на лекови на рецепт бележи континуиран пораст во изминатите години поради поголемата достапност на здравствената заштита на граѓаните. По реализација на владините проекти: рурален доктор, рурални аптеки и аптекарски станици лековите се подостапни за граѓаните, што резултира со нивна поголема потрошувачка. ФЗОМ за 2015 година одвои околу 2,5 милијарди денари за лекови. 

Во 2015 година има зголемување на бројот на достапни генерики кој изнесува 427 и значително зголемување на бројот на лекови без доплата, чиј број изнесува 321 односно 75 отсто се без доплата. Во 2009 година достапни беа 377 генерики од кои само 20 отсто беа без доплата.

Ова денеска на прес-конференција го истакна директорот на ФЗОМ Сашо Стефаноски, кој го презентираше годишниот извештај за лекови за 2015 година и првиот квартал за годинава. 

Посочи дека од 14 групи лекови најголема потрошувачка има кај оние за кардиоваскуларен систем, со 9,2 милиони рецепти и зголемена потрошувачка за 9 отсто во 2015 година во однос на 2014 година, како и зголемени финансиски средства за таа намена. Потоа следат лековите за нервниот систем со 3,25 милиони рецепти, што е зголемување за 14 отсто во однос на 2014 година и лековите за респираторен систем со 1,03 милиони рецепти, што е зголемување за 7 отсто во однос на 2014 година.

- Зголемената потрошувачка на лекови на рецепт на товар на Фондот го следи и светскиот тренд за зголемена консумација/потрошувачка на лекови што во периодот од 2008 година досега се гледа преку зголемените количини обезбедени лекови за осигурениците и приближно двојно зголемените одвоени износи за лекови на рецепт на товар на ФЗОМ. Во 2015 година финансиските средства за лекови за рецепт се 2,4 милијарди денари за реализирани 21,1 милион рецепти, што претставува 9 отсто пораст во бројот на реализирани рецепти и 7 отсто повеќе средства во однос на 2014 година, рече Стефаноски.

Посочи дека во 2002 година за лекови се одвојувале 1,2 милијарди денари за 8 милиони рецепти, а во 2008 година - 1,3 милијарди денари за 10 милиони рецепти, во 2015 година државата го зголемува буџетот за лекови на 2,5 милијарди лекови за 21,1 милион рецепти. Разликата од пред 10 години, нагласи, е во тоа што осигурениците приватно си ги плаќале лековите кои беа неколкупати поскапи. 

- Потрошувачката на лекови е наголема во скопскиот регион, а најмала во североисточниот. Во југоисточниот регион има незначително намалување на бројот на рецепти. Првите три најпотрошувани лекови по износи се генериките: Atorvastatin - лек за намалување на маснотии во крв,  Tamsulosin – лек за простата, Salmeterol + fluticasone – лек за респираторен систем, против астма и ХОББ, а по реализирани рецепти првите три најпотрошувани генерики се: Enalapril – лек за зголемен крвен притисок, Diazepam – лек за нервен систем и Lisinopril - лек за зголемен крвен притисок, рече Стефаноски.

Додаде дека во првите десет најпотрошувани лекови влегуваат и лекови за дијабетес, реума, желудник и бактериски инфекции.

Директорот на ФЗОМ, Орхан Рамадани рече дека ако се направи споредба во првиот квартал од годинава со истиот период од 2015 година, може да се заклучи дека во аптеките на товар на Фондот се реализирани 5,3 милиони рецепти, што е за 3 отсто или 154.599 рецепти повеќе од истиот период минатата година, а средствата издвоени за таа цел се во износ од 627 милиони денари, што пак е за 5 отсто или 30,18 милиони денари повеќе од 2015 година.

Најголем пораст на потрошувачката на лековите, потенцира, може да се види од АТЦ група Б - лекови кои делуваат на крв и крвотворни органи, кај кои се забележува пораст од 17 отсто во бројот на рецепти кој изнесува 10.956 рецепти повеќе од лани во истиот период, за кои се издвоени 26 отсто повеќе средства, во износ од 1,9 милиони денари. 

- Голем раст на потрошувачка се гледа и кај лекови од АТЦ група А – лекови за дигестивен систем со 8,12 отсто повеќе рецепти или за 51.558 рецепти повеќе од првиот квартал во 2015 година, со износ поголем за 10,14 отсто односно за 5,2 милиони денари. Според износите, за АТЦ групата R – лекови за респираторен систем, се бележи пораст од 9,6 отсто односно износ поголем за 8,3 милиони денари во првиот квартал од годинава за разлика од истиот период во 2015. Бројот на рецепти за оваа група на лекови во првиот квартал од годинава е зголемен за 1,1 отсто во однос на истиот период минатата година, истакна Рамадани.

Додаде дека најголем пораст на потрошувачката по број на реализирани рецепти има кај лекот за дијабетес - metformin за кој во првиот квартал од годинава се реализирани 34.798 рецепти повеќе во однос на истиот период минатата година, а најголем раст во однос на вкупниот износ има за лекот за респираторни заболувања - thiotropium bromide, за кој се издвоени 3,3 милиони денари повеќе во однос на првиот квартал од 2015 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...