Врховен суд: Немаме надлежност во организацијата на судењето за „Дива населба“

Скопје, 31 мај 2016 (МИА) - Врховниот суд на Република Македонија соопшти дека не е надлежен за организација на судењето за предметот „Дива населба“.

- Врховниот суд на Република Македонија и судската полиција на овој суд немаат никаква надлежност во однос на организацијата на судењето за предметот „Дива населба“ кое се одржува во свечената сала на судот. Салата е дадена на времено користење на Основниот суд Скопје 1 Скопје за период од шест месеци, со одлука на Владата на Република Македонија, се вели во денешното соопштение.

Од Врховен ги упатуват новинарите за сите прашања и нејаснотии да се обратат до Основниот суд Скопје 1 Скопје. Во соопштението се додава дека одобренијата за следење и снимање од страна на медиумите, кои ги дава овој суд, ќе важат и за идната главна расправа.

Од скопскиот Кривичен суд пак преку соопштение информираа дека  по добивањето на одлуката на Владата на РМ, Основниот суд Скопје 1 – Скопје веднаш ги побарал клучевите од судската сала од претседателот на Врховниот суд на РМ и на 27-ми овој месец во присуство на Комисија од Кривичниот суд, записнички било извршено примопредавање на судската сала. Салата била целосно подготвена, и од технички и од безбедносен аспект, но нејасно било зошто Врховниот суд не го испочитувал договореното.

Во салата на Врховниот суд денеска влегоа обвинетите и обвинителите во процесот, додека адвокатите и јавноста останаа надвор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...