СДСМ поднесе тужба до Управниот суд за оспорување на Комисијата за импичмент на Иванов

Скопје, 31 мај 2016 (МИА) - Пратеничката и член на Извршниот одбор на СДСМ Рената Дескоска денеска изјави дека поднеле тужба до Управниот суд со која ја оспоруваат одлуката за формирање на Комисија за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов.

- Со оглед на тоа што Трајко Велјановски не презема ништо за заштита на Деловникот на Собранието, СДСМ денеска поднесе тужба до Управниот суд. Со тужбата се оспорува одлуката за формирање на Комисија за импичмент заради тоа што истата е спротивна на член 206 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија. Одредбата од членот 206 став 2 од Деловникот предвидува: Комисијата за импичмент има претседател и десет члена кои, на предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, ги избира Собранието, при што се обезбедува соодветна застапеност од пратеничките групи и пратеници кои не се организирани во пратенички групи, појасни Дескоска.

Таа додаде дека сега судиите на Управниот суд ја имаат одговорноста да го спроведуваат правото и да придонесат за враќање на правната држава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...