Предлогот за импичмент на претседателот Иванов на собраниска седница

Скопје, 13 јуни 2016 (МИА) - Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 105. седница на која ќе расправа по предлогот на опозицијата за покренување постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Република Македонија.

Евентуалната одлука за почнување постапка пред Уставниот суд за утврдување на одговорноста на претседателот, треба да ја донесат најмалку 82 пратеници во Собранието на Македонија.



Предлогот за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов првично беше разгледан и оценет како неоснован од страна на членовите на собраниската Комисија за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија. Минатиот понеделник, Комисијата со шест гласа „за“ и четири „против“ оцени дека предлогот за импичмент е неоснован. За ваквиот заклучок гласаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, а против беа членовите од СДСМ и ДУИ.

Опозицијата смета дека Иванов со актите за помилување го прекршил Законот за помилување и Уставот на Република Македонија, додека за пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, барањето за импичмент е целосно неиздржано и не се темели на правни аргументи, туку е неуспешен обид да се удри по највисоката институција Претседател на Република Македонија.

Опозицијата ја иницираше постапката за импичмент на 13 април, ден по одлуката на претседателот Иванов за помилување 56 лица. На 27 мај тој ја повлече аболицијата за, како што наведе, 22 политички експонирани лица. Иванов ги упати преостанатите 34 лица кои не сакаат да бидат помилувани, да си поднесат барање за поништување на одлуките кои се однесуваат на нив. Потоа на 6 јуни, Иванов ги поништи и останатите одлуки за помилување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...