Јанкулоска: Не постојат аргументи за СЈО да бара мерки за претпазливост

Скопје, 23 јуни 2016 (МИА) - Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска беше на распит во Кривичниот суд за случајот „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство.

По излегувањето изјави дека и со денешното рочиште се потврди дека СЈО функционира како продолжена рака на опозицијата  со тоа што во текот на распитот СЈО, како што рече, побара изземање на судијата од политички мотивирани причини.

- Без оглед на сите механизми кои тие ги користат и без разлика дали се тие допуштени или недопуштени, јас секогаш кога ќе ме повика судот или која било државна институција сум достапна. Мој интерес е да учествувам во постапката затоа што тоа е најдобар начин да се демаскираат конструкциите на СЈО, подносителот на најголемиот дел кривични пријави политичката партија СДСМ и на сите оние кои сметаат дека ова е вистинскиот начин да се подобри рејтингот на опозицијата во функција на нивно политичко профитирање, изјави Јанкулоска.

Таа додаде дека нема никакви докази бидејќи не постои кривично дело и појасни дека денешниот распит не се однесува по однос на делото кое се става на товар, туку на мерките за претпазливост кои СЈО ги побара Судот да ги определи за лицата кои се предмет на истрага кои тие ја имаат отворено.

- Од она што јас можев да го слушнам како нивна аргументација апсолутно не постојат никакви аргументи, ниту да се бараат, ниту да се определат мерки за претпазливост дотолку повеќе што нивниот аргумент дека постои опасност од бегство и дека определувањето мерки за претпазливост било метод за да се обезбеди присуство во постапката. Како што може да видите, јас тука бев минатиот пат кога ме повикаа, тука сум и денеска и ќе дојдам повторно секогаш кога Судот што ја води постапката или државен орган кој води постапка ќе ме повика, така што во вода паѓаат сите нивни тврдења, сите нивни конструкции, сите нивни обвинувања, рече Јанкулоска.

Таа додаде дека Судот е оној кој треба да донесе одлука не врз основа на политички квалификации кои се слушаат на нивните прес-конференции, туку исклучиво врз основа на аргументи, правни аргументи и евентуални докази кои и обвинението и одбраната има да ги понуди.

Јанкулоска рече дека е сосема спокојна, бидејќи, како што посочи, нема направено кривично дело, ниту по однос на овој случај, ниту по однос на кој било друг.

- Во тие безмалку девет години додека ја извршував функцијата министер за внатрешни работи секогаш работев совесно, чесно и се раководев од интересот на РМ и од интересот на институцијата со која раководев. Затоа, без оглед дали СЈО ќе отвори една, две, пет или педесет предмети, јас сум тука, секогаш сум на располагање, секогаш сум достапна да ги соочиме аргументите за јавноста да добие една јасна слика кој постапува законски, а кој води политичка битка, кој води политичка пресметка во име на опозициските партии со политичките неистомисленици, изјави Гордана Јанкулоска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...