Иванов ќе ги прими акредитивните писма на амбасадорите на Еквадор и ПакистанСкопје, 24 јуни 2016 (МИА) - Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Еквадор и на Исламска Република Пакистан за Република Македонија.
Новоименуван амбасадор на Еквадор за Македонија, со седиште во Рим, е Хуан Холгун Флорес, додека новоименуван амбасадор на Исламската Република Пакистан за Македонија, со седиште во Анкара, е Сохаил Махмуд.
|