Почна најновото издание на „Битола Шекспир фестивал“

Битола, 24 јуни 2016 (МИА) - Со музичко-сценскиот перформанс „Шекспир засекогаш“, синоќа во Битола почна 4. издание на меѓународниот „Битола Шекспир фестивал“ на кој годинава учествуваат 10 театарски ансамбли од Русија, Србија, Израел, САД, Полска, Турција и Македонија.

Фестивалот го отворија актери од Битолскиот и театарот „Вера Комисаржевскаја“ од Санкт Петербург кои на посебно подготвена музика од групата „Фолтин“ изведоа перформанси, пееа песни и потсетуваа на сегменти од делата на вечниот Шекспир.

„Битола Шекспир фестивал“ вечер продолжува со изведба на претставата „Перикле“ која ќе ја одиграат актери на „Итака арт центар“ од Инџија и Народен театар-Шабац, Србија.

- Шекспировите драми ми се најомилени заради таа неверојатност на настани кои ги носат во себе. Перикле е меѓу најретко играните Шекспирови текстови, и ова ќе биде прво изведување на оваа Шекспирова драма во српската театарска продукција, истакна режисерот Никита Миливојевиќ пред вечерашното гостување во Битола.

„Битола Шекспир фестивал“ почна синоќа, а ќе заврши на 1 јули.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...