Бејли: Неопходно е нормално работење на СЈО и Собранието

Куманово, 24 јуни 2016 (МИА) - Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли смета дека е добро политичките партии и сите институции да работат на отстранување на пречките за нормално работење на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Собранието да работи нормално и да продолжи спроведувањето на Пржинскиот договор.

- Ги поттикнуваме сите политички партии и институции да работат на отстранување на сите пречки за СЈО. Тоа е многу важно за воспоставување одговорност за прислушувањето и разговорите кои произлегоа од него, изјави амбасадорот Бејли при неговата денешна посета на мегалитската опсерваторија Кокино каде што најави инфраструктурни реновирања на локалитетот, финансирани од УСАИД и Владата на Швајцарија преку проектот за експанзија на мали бизниси и локалната акциска група Абер 2015.

Во исто време, додаде Бејли, многу е важно и нормалното работење во Парламентот.

- Како што кажа Европската унија вчера, одговорноста на партиите е да продолжат да го спроведуваат Пржинскиот договор и да ја движат Македонија кон членство во ЕУ и НАТО, потенцира американскиот амбасадор Џес Бејли.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...