Ханс Петер Фридрих: Во Македонија треба веднаш да се случат избори

Берлин, 25 јуни 2016 (МИА) - Заменик претседателот на парламентарната група на најголемата германска партија Ханс Петер Фридрих кој што е одговорен за европски прашања смета дека од голема важност за брзо решение на кризата во Македонија е брзо организирање на парламентарни избори и објективност во работата на Специјалното јавно обвинителство.

Во интервју за МИА Фридрих кој од почетокот на 2011 до крајот на 2013 беше министер за внатрешни работи на Германија, а потоа и министер за храна и земјоделство, говори за улогата на Македонија во бегалската криза и објаснува дека не сите политички фактори во земјата имаат исти гледишта за македонските напори во приливот на бегалците во Европа.

Според него внатрешните проблеми со кои се соочува Европската Унија се пречка за побрз прием на земјите кандидати меѓу кои е и Македонија.

Германскиот пратеник од редовите на ЦДУ/ЦСУ на канцеларката Меркел смета дека еден од проблемите е одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ по што ќе треба да се спроведат веќе започнатите реформи и да се стабилизира Унијата, а паралелно со овие процеси ќе мора да се најде начин повторно да се актуелизира идејата за обединета Европа.

Во врска со другиот голем предизвик за ЕУ, бегалците, Фридрих смета дека најлошото е веќе поминато. - Мислам дека најлошото е веќе поминато, балканската рута е веќе затворена и ние секако сме многу благодарни на македонската Влада што го направи својот придонес. Тоа е важно бидејќи покажува не само на Европа, туку и целиот свет дека сите не можат да дојдат кај нас, вели Ханс Петер Фридрих кој не може да каже дали договорот ЕУ - Турција за бегалците ќе биде потпишан и спроведен, но дека постои начин двете страни да најдат модус за решение затоа што и Брисел и Анкара имаат интерес од негово спроведување.

Во контекст на бегалската криза и македонската улога во неа Фридрих е благодарен за политичката одлука на македонската Влада да ја затвори границата притоа укажувајќи дека не сите политички сили во земјата имаат ист став за тоа што го прави Македонија.

- Македонската влада многу храбро и последователно се справи со целата криза и јас сум многу благодарен на Македонците за тоа, особено за тоа што ја имаат донесено оваа политичка одлука. За жал, не секој го толкува ова на ист начин во германската Сојузна влада. Но, јас мора да кажам, дека Македонија има направено огромен придонес за значајното намалување на бројот на бегалците во Европа, вели Фридрих.

Во врска со политичката криза во Македонија германскиот пратеник вели дека избори во најбрз рок се исклучително важни за надминување на состојбите. - Како прво важно е да се има веднаш избори во Македонија. Во една демократија изборите се фундаментални за креирање влада и во Македонија има потреба од стабилна влада. Јас се надевам дека опозицијата во Македонија ќе се држи до аранжманите и договорите за кои се има самата согласено и брзо ќе се согласи за нови избори, смета Фридрих кој како екс министер за внатрешни работи од Специјалното јавно обвинителство очекува да биде објективно и со кредибилитет.

- Кога таков посредник стапува на функција тогаш е од голема важност да тој до сите инволвирани страни сигнализира дека е објективен и има кредибилитет. Тогаш од оваа објективност и кредибилност зависи одржливоста на одлуката кој тој на крај ќе ја презентира. Поради тоа се надевам дека оваа новосоздадена институција е неутрална, смета Фридрих.

На прашањето дали може да се очекува Германија и воошто ЕУ наскоро би можеле да извршат притисок врз Грција да биде конструктивна по што би можело да дојде до решение за името и запрање на грчките блокади за влез во ЕУ и НАТО, Фридрих вели дека ЕУ имаат дадено до знаење на Грција дека треба да се однесува пријателски кон Македонија, но проблемите со кои сега се соочува ЕУ не даваат простор за оптимизам дека Македонија брзо би можела да стане член на Унијата.

- Пријателско ЕУ однесување значи и покажување солидарност кон можните земји-членки. Но, што се однесува до пристапот на Република Македонија мора отворено да кажам дека Европската Унија моментално има толку многу внатрешни проблеми со кои треба да се справи, така да што ние прво мора да се консолидираме и после тоа мораме да размислиме кој може да стане член на Европската Унија и тогаш сите земји членки на ЕУ вклучувајќи ја и Грција се повикани да бидат конструктивни, вели вијателниот германски пратеник.

Еден од критериумите за влез во ЕУ според него е економската состојба во Македонија, но политичката стабилност е приоритет број еден. - Мислам дека секогаш е полесно за една земја која економски добро стои да се придружи во Европската Унија. Ние сме многу среќни да видиме дека во последните неколку години невработеноста во Република Македонија е намалена, дека има пораст (во економијата), но мора да се нагласи дека многу важен услов за инвестиции, за економскиот раст, како и за отварањето нови работни места е исто така политичката стабилност. Затоа е важно Македонија да остане политички стабилна, порачува високиот претставник на владеачката партија ЦДУ.

Фридрих не се согласува со констатацијата дека по август 2014, кога канцеларката Меркел ја организираше конференцијата за Балканот во Берлин германската Влада го намалила интересот за регионот и за Македонија при што директно го прозива министерот за надворешни работи на Германија Франк Валтер Штајнмаер кој според него во овие односи повеќе ја истакнува партиската позиција на неговата Социјалдемократска партија (СПД).

- Ние имаме високи интереси, на Балканот да има стабилизација и економски просперитет, и тоа исто така се однесува и за Македонија. Сепак, жал ми е што германскиот министер за надворешни работи таму повеќе ја истакнува позицијата на својата партија. Мислам дека ни е од интерес да има стабилност како и соработка на демократски сили во Македонија. Така што Македонија не е само во фокусот на германската Сојузна влада, туку и на Европската Унија. За тоа говори и советувањето на нашите министри за надворешни работи минатата недела во Стразбур на тема Македонија, вели екс министерот за внатрешни работи на Германија и сегашен заменик претседател на парламентарната група на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот одговорен за европски прашања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...