Министрите Јолевски и Попоски на ифтар во Дебар

Дебар, 26 јуни 2016 (МИА) - Министрите за одбрана и за надворешни работи, Зоран Јолевски и Никола Попоски синоќа присуствуваа на Рамазански ифтар во Дебар.

Искажувајќи задоволство што се наоѓа во Дебар, познат по вековниот соживот и верска толеранција, министерот Јолевски на вериците од исламска релгигија им го честиташе светиот месец на постот Рамазан.

- Ви упатува искрени честитки по повод Светиот месец на постот-Рамазан со желби за благосовен и лесен пост. Бог да ги  ислуша и прими вашите молитви. Добар верник е добар човек, независно на која религија припаѓа. Кога бев дете татко ми ме носеше на ифтар кај негов пријател, а и јас кога бев во САД со синот одевме на ифтар кај познатата дебарска фамилија Руси. Посакувам здравје, среќа, благосостојба, продолжување на традицијата на соживот, меѓусебно почитување и разбирање, порача меѓу другото Јолевски.

На ифтар вечерата присуствуваа дебарскиот муфтија хаџи Рамазан ефенди Хаса, пратниците Фатмир Имероски, Алим Билали и Сашо Василевски, градоначалникот на општина Маврово Ростуше, Мукрем Мехмеди, имами, претставници на општество-политичкиот живот и бизнис сектор од општините Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше.

Присутните граѓани, од сите етнички заедници кои живеат во трите општини искажаа големо задоволство од ваквите средби.

- Нашиот поширок регион е познат по вековниот соживот и верската толеранција. Она што ни го оставиле нашите дедовци и прадедовци, го чуваме и негуваме како нешто свето и тоа го пренесуваме на помладите генерации, вели Васил Ангеловски.

Неговото мислење го делат и останатите присутни на ифтарот, убедени дека соживотот и верската толеранција по кои е препознатлив овој град ќе продолжи и понатаму.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...