Работна средба помеѓу претставници на Централниот регистар и Нотарската комора

Скопје, 28 јуни 2016 (МИА) - Унапредувањето на соработката меѓу Централниот регистар (ЦР) и Нотарската комора (НК) било тема на денешната средба меѓу директорот Андреа Поповски и претставници на Комората. 

Како што се наведува во соопштението, Поповски и нотарите ја поздравиле досегашната одлична соработка, како и отвореноста на Централниот регистар за сугестиите и барањата на нотарите како професионална заедница.

- Особено беше истакната соработката при воспоставувањето на системите за електронско поднесување во Заложниот регистар и во Регистарот за лизинг, преку кои што веќе се извршени над 300 трансакции за издавање информации и вршење уписи од страна на нотарите, кои се подносители во регистрите, се посочува во соопштението.

Претставниците на ЦР и НК, изразиле задоволство и од функционирањето на системите, при што Поповски истакнал дека при електронското поднесување се задржани сите функционалности во регистрите, а истовремено е овозможено поднесување од кое било место по електронски пат, без потреба од физичко присуство во некоја од регионалните регистрациони канцеларии на Централниот регистар. 

Централниот регистар и Нотарската комора се заложиле за продолжување на тесната соработка, во насока на подобрување на условите за водење бизнис и зголемување на правната сигурност во Република Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...