Регионалната комора во Кичево и Општина Македонски Брод потпишаа меморандум за соработка

Кичево, 29 јуни 2016 (МИА) - Со цел продлабочување на меѓусебната соработка, како и размена на информации меѓу двете страни во насока на подобрување на деловниот амбиентот, денеска се потпиша Меморандум за соработка меѓу Регионалната комора при Стопанската комора на Македонија со седиште во Кичево и Општина Македонски Брод.

Документот е потпишан на бизнис-средба, на којашто присуствуваа градоначалникот на Македонски Брод, Милосим Војнески, претседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево, Игор Соколески  и  фирми од регионот.

Претседателот на Регионалната комора Игор Соколески  го истакна  значењето на соработката меѓу Стопанската комора на Македонија - Регионална комора со седиште во Кичево и Секторот за локален економски развој на Општина Македонски Брод и дека таа соработка треба да се продлабочува и интензивира преку работни состаноци и иницијативи за заеднички проекти, со цел организација на бизнис-настани и учество во заеднички проекти на ЕУ-фондовите.

Градоначалникот на Македонски Брод, Војнески ја поздрави иницијативата за заедничко поврзување и помагање на фирмите од овој регион при решавање на одредени проблеми со кои се соочуваат. Тој, исто така, ја изрази подготвеноста на Општина Македонски Брод во реализација на активностите предвидени во Меморандумот и заедничко поврзување на двете институции, со цел операционализација на програмските активности.

Целите на овој меморандум за соработка е воспоставување и развивање деловна соработка во рамките на дејностите, активностите, знаењето и искуството на секоја договорна страна, со цел заедничко унапредување на активностите, усогласување на посебните и заедничките интереси и обезбедување единствен професионален интерес на потписниците.

За да се реализираат целите на овој меморандум, потписниците ќе соработуваат преземајќи ги следните активности: организација на заеднички настани - средби, конференции, тркалезни маси, форуми, стручни расправи, работилници, размена на информации и искуства од заеднички интерес, взаемна промоција и други активности од заемен интерес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...