Крајно време е светот да се обедини во одбрана на споделените вредности

Скопје, 30 јуни 2016 (МИА) - Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Амбасадата на Република Турција во Скопје се потпиша во книгата на жалост, отворена по терористичкиот напад на меѓународниот аеродром во Истанбул.

- Во овие тешки моменти Република Македонија е солидарна со Република Турција и Ве охрабрува решително да се соочите со заканата од тероризмот во заштита на слободата, безбедноста и вредностите на Вашите граѓани и поредокот на Вашата држава. Крајно време е светот да се обедини во одбрана на споделените вредности. Нашите мисли и молитви се со Вас и со семејствата на жртвите“, напиша претседателот Иванов во отворената книга на жалост.

По повод терористичкиот напад во Истанбул, претседателот Иванов вчера упати писмо со сочувство до претседателот на Република Турција,  Реџеп Таип Ердоган, во коe најостро го осуди овој подмолен и насилен варварски чин.

- Во отсуство на таквата неопходна соработка, никој и никаде нема да биде безбеден. Затоа, крајно време е светот да се обедини во одбрана на споделените вредности. Ве уверувам дека во овие тешки моменти Република Македонија е солидарна со Република Турција и Ве охрабрувам одлучно да се соочите со заканата од тероризмот во заштита на слободата, безбедноста и вредностите на Вашите граѓани и поредокот на Вашата држава, се вели во телеграмата со сочувство од претседателот Иванов до турскиот претседател Ердоган.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...