Собраниска делегација на 25-годишна сесија на ПС на ОБСЕ

Скопје, 30 јуни 2016 (МИА) - Делегација на македонското Собрание предводена од пратеникот Владимир Ѓорчев, член  на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ, од утре до 5-ти јули ќе учествува на 25-годишна сесија на ПС на ОБСЕ во Тбилиси, Грузија.

На сесијата се очекува учество на околу 300 пратеници од 57 земји учеснички и партнери за соработка на ОБСЕ.

Главна тема за дискусија на сесијата е „25 години парламентарна соработка: градење на доверба преку дијалог“, со којашто Парламентарното собрание на ОБСЕ ќе одбележи четврт век од своето постоење, се наведува во соопштението на Собранието.

Во рамки на годишната сесија седници ќе одржат комисиите за политички прашања и безбедност, за економски прашања, наука, технологија и човекова околина и за  демократија, човекови права и хуманитарни прашања, седница на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на ОБСЕ, пленарна седница и други придружни настани.

На агендата, како што е најавено, се вклучени прашања во врска со борбата против корупцијата, правата на бегалците, кризата во и околу Украина, долготрајните конфликти во Грузија, основните слободи во Крим, неонацизмот во Европа, укинувањето на санкциите против пратениците, зацврстување на механизмите за рано предупредување на ОБСЕ и други.

Пред пратениците на Годишната сесија на ПС на ОБСЕ ќе се обратат претседателот на Парламентот на Грузија Давид Усупашвили, претседателот на Грузија Ѓорѓи Маргвелашвили, премиерот на Грузија Ѓорѓи Квирикашвили, министерот за надворешни работи на СР Германија и претседавач со ОБСЕ Франк-Валтер Штајнмаер, претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ Илка Канерва и др.

На седницата на Постојаниот комитет е предвидено обраќање на Ѓорчев во врска со Есенската сесија на ПС на ОБСЕ, што ќе се одржи од 29 септември до 2 октомври 2016 година во Скопје. Во  функција на подготовка на претстојната Есенска сесија, предвидено е Делегацијата да одржи состаноци со претставници на Бирото и на Меѓународниот секретаријат на ПС на ОБСЕ.

Се очекува на сесијата да биде усвоена „Декларација од Тбилиси“ со препораки за широк спектар на прашања во полето на политиката, економијата, животната средина и човековите права, упатени до ОБСЕ и земјите учеснички.

Парламентарното собрание на ОБСЕ го сочинуваат 323 парламентарци од 57 земји од Европа, Централна Азија и Северна Америка. Собранието обезбедува форум за парламентарна дипломатија, набљудување на избори и зацврстување на меѓународната соработка за исполнување на заложбите во врска политичките, безбедносните, економските прашања, прашањата за човековите и права и животната средина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...