Повредена работничка во „Дрекслмаер"

Кавадарци, 30 јуни 2016 (МИА) - Работничка се здобила со повреда во германската фабрика „Дрекслмаер” во Кавадарци, потврдија од Државниот инспекторат за труд.

- Наш инспектор излезе на лице место. Според нашите првични информации, усната изјава на работничката е дека повредата настанала поради нејзино  невнимание. Инспекторот за безбедност и здравје при работа од Кавадарци констатирал дека машината на која работела работничката била излепена со знаци  за предупредување (опасност), кои треба да се почитуваат. Првично, станува збор за потфатена рака, но повеќе детали не може да се кажат бидејќи во тек е дополнителниот надзор за овој случај, рекоа од Инспекторатот.

Информацијата за повредена работничка во „Дрекслмаер“, попладнево ја потврди и портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.

- Денеска  во 9:30 часот во Полициска станица Кавадарци пријавено е дека во фабриката  „Дрекслмаер" во Кавадарци при работа повредена е една од вработените и е пренесена во ЈЗУ Општа Болница Кавадарци. На лице место излезени се инспектор за заштита при работа и полициски службеници од Полициска станица Кавадарци, вели Стојковска. 

Од кавадаречката болница изјавија дека работничката била препратена на скопските клиники.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...