Триесетдневен притвор за осомничениот за убиството во Добрашане

Куманово, 30 јуни 2016 (МИА) - Кумановското Основно јавно обвинителство попладнево соопшти дека е прифатена мерката за 30-дневен притвор за осомничениот Д.Д. за убиство на Б.И. од Куманово, чие тело беше најдено во бунар во с. Добрашане. 
 
 
Обвинителството денеска побара мерка притвор за осомниченото лице кое вчера беше приведено во полициска станица за убиството на 31-годишниот Б.И. од Куманово.
 
Во исто време побарано е и психијатриско вештачење на осомничениот, како и вештачење на материјалните докази пронајдени при претресот во неговиот дом.
 
Телото на 31-годишниот Б.И. кој беше пријавен за исчезнат, е пронајдено во бунар во близина на црквата „Света Мина“ во кумановско Доброшане. Случајот го пријавил 29-годишниот кумановец Ф.Д кој во полициска станица изјавил дека до бунарот видел стапала и траги од крв. По извршениот увид пронајдено е телото на Б.И. кој во пределот на лицето имал рана најверојатно направена од огнено оружје.
 
Телото на Б.И. е предадено на обдукција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...