Делегација на Собранието на 25. Годишна сесија на ПС на ОБСЕ

Скопје, 1 јули 2016 (МИА) - Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од пратеникот Владимир Ѓорчев, член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), учествува на 25. Годишна сесија на ПС на ОБСЕ, што се одржува од денеска до 5 јули во Тбилиси, Грузија. 

Како што соопшти Собранието на Република Македонија, главна тема за дискусија на Сесијата, на која учествуваат околу 300 пратеници од 54 земји учеснички и партнери за соработка на ОБСЕ, е „25 години парламентарна соработка: градење на доверба преку дијалог".

На отворањето на Годишната сесија пред пратениците се обратија претседателот на грузискиот Парламент Давид Усупашвили, Ѓорѓи Маргвелашвили, претседател на Грузија, премиерот на Грузија Ѓорѓи Квирикашвили, министерот за надворешни работи на Германија и претседавач со ОБСЕ Франк-Валтер Штајнмаер,  претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ Илка Канерва, и претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Педро Аграмунт.

На седницата на Постојаниот комитет на ПС на ОБСЕ свое обраќање имаше пратеникот Владимир Ѓорчев, кој, како што се наведува во соопштението, ги информираше членовите на Парламентарното собрание за подготовките на Есенската сесија на ПС на ОБСЕ, што ќе се одржи од 29 септември до 2 октомври 2016 година во Скопје.

Во функција на подготовка на претстојната Есенска сесија, Делегацијата на македонското Собрание одржа состаноци со претставници на Бирото и на Меѓународниот секретаријат на ПС на ОБСЕ, а во Конгресниот центар каде што се одржува Годишната сесија, поставен е штанд со информативни материјали и презентации за промоција на туристичката понуда на Република Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...