Тодоров: СДСМ го опструира Пржинскиот договор и ја продолжува кризата

Скопје, 1 јули 2016 (МИА) - СДСМ е партијата која постојано го опструира Пржинскиот договор и постојано прави чекори во правец на продолжување на кризата, изјави денеска министерот за здравство и претставник на ВМРО-ДПМНЕ во меѓупартиските разговори Никола Тодоров.

- Има сериозно погрешна пресметка дека со пролонгирање на кризата во државата тие нешто ќе добијат. Нема да добијат. Со пролонгирање на кризата губи државата, губат граѓаните, ама губат и тие. Секој ден се повеќе и повеќе граѓани не се согласуваат со нивните политики, со нивните политики на деструкција, на блокади, на уништување на јавни добра, на продолжување на кризата, рече Тодоров, одговорајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Министерството за здравство.

Тој наведе дека очекува СДСМ да ја смени тактиката и наместо постојано да поставува нови цели, да собере храброст, да се договорат и да одат на избори. 

СДСМ, посочи, е таа партија која за цело време го минира процесот. Нагласи дека последниот чекор што го преземаат е да ја замрзнат работата во Парламентот.

- Една од малкуте обврски кои СДСМ ги имаше од Пржинскиот договор беше да се врати во Парламентот. Сега гледаме дека таа повторно тој дел од Пржинскиот договор нецелосно го имплементира. Исто така како и делот на предавање на материјалите. Нешто предадоа во Специјалното обвинителство, никој не знае што, никој не знае колку и никој не знае дали се. Тоа значи дека и таа втора обврска што ја имаа, не сме сигурни дали целосно ја исполниле и во колкав дел ја исполниле, рече Тодоров.

Тие, истакна, за цело време одат со една интересна приказна за Избирачкиот список.

- На крај испадна дека целата оваа приказна била добро смислено сценарио на СДСМ за да не ги признаат изборите во 2014 и за да имаат некаков си механизам за блокирање на изборите и во април кои требаше да бидат и во јуни. На крај ќе излезе дека Избирачкиот список цело време бил целосно прочистен и немало никави проблеми и сигурен сум во тоа. Последното што се случи е тоа да им прифатиме се на СДСМ што побараа во однос на Избирачкиот список, а нели тој беше основна причина за неодење на избори. Така што малку е контрадикторно тоа што го говорат и тоа што го прават, додаде Тодоров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...