Министерот за образование се сретна со ректорот на Универзитетот на Тирана

Скопје, 1 јули 2016 (МИА) - Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу денеска ја прими делегацијата на  Универзитетот од Тирана предводена од ректорот Минир Кони.

Како што се наведува во соопштението на МОН на средбата присуствувале и декани,  професори од универзитетот  и  амбасадорот на Република Албанија, Фатос Река.

На почетокот на средбата министерот Лутфиу истакна дека соработката меѓу Македонија и Албанија во областа на образованието и науката е добра и дека двете земји имаат потпишано договор  за соработка.

Заедничка цел на двете земји, рече Лутфиу е спроведувањето на договорот потпишан минатата година во Валона и во Битола. Овој договор според него, ја продлабочува соработката во областа на образованието и исто така предвидува реализација на заеднички проекти, универзитетска соработка, размена на студенти, наставен кадар, квоти на соодветни универзитети.

Исто така на состанокот беше нагласено дека  наскоро ќе се објават и конкурси за реализирање на заеднички проекти каде што универзитетите  ќе имаат клучна улога, се наведува во соопштението.

Министерот Лутфиу ги  информираше претставниците од Универзитетот на Тирана и за последната одлука на Владата за ДУТ и за  отворање на новиот  универзитет во Скопје „Мајка Тереза“,  универзитет кој се очекува да почне со работа од следната академска година.

Ректорот на Универзитетот на Тирана Минир Кони на министерот Лутфиу му  честиташе за  именувањето на функцијата  министер за образование и наука. Тој истакна дека од голема важност  е соработката со универзитетите од регионот, а во оваа насока и заедничката  посветеност треба да биде во правец на создавање на можности за соработка меѓу овие високообразовни институции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...