ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Сорос го оспорија правото избор на студентите

Скопје, 1 јули 2016 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ и Сорос вчера го оспориле правото на студентите на УКИМ да изберат свој лидер. Тие, сметаат од партијата,  го направиле тоа на највалкан начин, давајќи наредба на малкумина кои ја поддржуваат нивната деструктивна политика, да се обидат да предизвикаат насилни инциденти за време на гласањето.

- Откако не успеаја во намерите, отидоа чекор подалеку и активираа провокатори кои биле студенти пред повеќе децении и кои немаат никаква допирна точка со студентското движење или со изборот на Претседател на СПУКМ. Хулиганите на СДСМ и Сорос се обидоа да спречат да се избројат гласовите на студентите кои излегоа да изберат свој лидер. Со ваквото насилничко однесување СДСМ и Сорос покажаа дека не ги почитуваат студентите и се подготвени да удрат по сите кои немаат намера да ја поддржат нивната деструкција. СДСМ и Сорос покажаа дека не ги интересира програма на кандидатите за Претседател на УКИМ и самиот избор, туку ги интересира само оспорувањето на изборот, изјави на денешната прес-конференција Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа што можело да се види вчера, потенцира тој, е слика на тоа што го гледа јавноста изминатиов период на централно ниво.

- СДСМ и Сорос немаат поддршка од граѓаните за хулиганството и вандализмот. Рејтингот на СДСМ тоне, како што се зголемува нервозата и деструкцијата. Затоа СДСМ бега од избори и од соочување со граѓаните. Затоа СДСМ се труди да ги блокира изборите и го оспорува уставно загарантираното право на граѓаните да гласаат и да и дадат легитимитет на политичката опција која што сметаат дека може да ја извлече Република Македонија од кризата, истакна Данев.

Од партијата ја поздравуват, како што велат, присебната и професионална реакција на полицијата која не дозволила да ескалира вандализмот и насилството и не подлегнала на провокациите и навредите упатувани од активистите на СДСМ и Сорос.

Исто така, партијата ја поздравува и присебноста на СПУКМ кои не дозволиле мала група на хулигани да го оспорат демократското право на илјадници студенти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...