Завршува реконструкцијата на здравствената станица во Двориште

Берово, 2 јуни 2017 (МИА) - Во завршна фаза е реконструкцијата на здравствената станица во беровското село Двориште која беше оштетена од поплавите во 2015 година.

Средствата за најзината реконструкција во висина од околу 30 илјади евра се обезбедени од програмата „Грант помош за поддршка на мали проекти“ основана од Владата на Јапонија.

Од Општина Берово информираат дека преку јапонската донација се обезбедени средства за поправка на покривот, реновирање на објектот, промена на прозорците и вратите, како и соодветен систем за дренажа кој во иднина ќе ја заштити здравствената станица од поголеми поплави.

Проектот за реновирање на здравствената станица во село Двориште е еден од петте проекти кои се реализираат во Македонија со донација од јапонската Влада во вкупна вредност од 300.000 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...