Нуланд на средби со партиските лидери

Скопје, 11 јули 2016 (МИА) - Помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд, денеска во Американската амбасада се сретна со лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мандух Тачи, по што во партиските седишта ќе има средби и со претседателите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Ахмети по средбата со Нуланд не даде изјава за медиумите, но со соопштение се огласи партиската прес-служба. Ахмети и Нуланд, како што се наведува, разговарале за начините како да се реши политичката криза во Македонија и да се врати во фокусот на евро-атланските интеграции. Ахмети истакнал дека ДУИ се залага за конструктивно решавање на кризата и изразил оптимизам за брзо постигнување компромис во наредните денови. Тој компромис мора да биде сеопфатен за да се обезбедат услови за веродостојни и демократски избори што е можно поскоро, нагласил лидерот на Ахмети. Според ДУИ, сите страни треба да се договорат дека се исполнети условите за избори, а потоа да се одреди датум за нивно одржување.

Лидерот на ДПА Мендух Тачи, пак, во изјавата за медиумите по средбата со Нуланд ја пренесе, како што наведе, пораката од помошниокот-државен секретар на САД дека сега е моментумот да се направи се за да се прекине политичката криза и да биде постигнат договор за одржување избори.

Според Тачи, на средбата повеќе било разговарано за стратешките определби за излез на земјата од кризата отколку за конкретни насоки. Тачи посочи дека очекува политичките лидери денеска да добијат многу поостри пораки за решавање на кризата.

Претходно, Викторија Нуланд во Амбасадата на Скопје имала средби и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и со преставници на граѓански организации.

По серијата средби во Скопје, Нуланд треба да одржи прес-конференција во Американската амбасада на која се очекува информира за разговорите со партиските лидери и за нејзините очекувања за надминување на политичката криза во Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...