По вчерашните плус 40, денеска освежување со пороен дожд и грмежи

Скопје, 15 јули 2016 (МИА) - По овонеделните тропски температури и вчерашните плус 40 степени, синоптичарите за денеска и деновите од викендот најавуваат освежување со дожд и грмежи.

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне под влијание на влажна, нестабилна и посвежа воздушна маса ќе настапи значителна промена. На повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град.

Повеќе врнежи ќе има во вечерните и ноќните часови кон сабота, особено во северните делови, каде локално се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен.

Утринската температура од 14 до 22, а дневната од 30 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево, а попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно, значително посвежо и ветровито време со локални врнежи од дожд. Дневната температура ќе опадне за повеќе од 10 степени во однос на денешната и ќе биде во интервал од 20 до 29 степени.

Од понеделник се очекува стабилизирање на времето со постепен пораст на температурата. До вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...