Добри вести од Македонија, важен чекор кон завршување на политичката криза

Брисел, 20 јули 2016 (МИА) - Комесарот за преговори за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, предмалку на својот официјален профил на социјалната мрежа „Твитер“ задоволно го поздрави договорот меѓу четирите главни политички партии во Република Македонија со цел ставање крај на политичката криза што речиси две години трае во земјата.
 
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Хан порача дека конечно пристигнале „добри вести од Македонија“, додавајќи дека овој договор што предвидува одржување на предвремени парламентарни избори на 11. декември е „важен чекор кон завршување на политичката криза“
 
- Добри вести од БЈР Македонија: политичките партии постигнаа договор за отворените прашања во разговорите за договорот од Пржино. Важен чекор кон ставање крај на политичката криза. Сега треба да се зачува моментумот: целосно спроведување на клучните реформи за одржлив напредок - порача Јоханес Хан на „Твитер“.
 
Како што е познато, еврокомесарот Хан посредуваше за постигнување на дводелниот Пржински договор од 2 јуни/15 јули минатата година, кој и покрај тоа што речисит целосно беше исполнет, на крајот пропадна, бидејќи клучниот дел од истиот, одржување на парламентарни избори на 24. април 2015 година, не беше исполнет поради одбивање на опозициската СДСМ да учествува на истите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...