Зголемен интерес за „Македонија вработува 2“ во Крива Паланка

Крива Паланка, 23 јули 2016 (МИА) - Со продолжување на Оперативниот план за вработување 2016 на Владата на РМ и Агенцијата за вработување на Република Македонија, од јуни 2016 до јули 2016 година реализирани се околу 10 вработувања на лица од териториите на општина Крива Паланка и општина Ранковце.

Раководителот на Центарот за вработување во Крива Паланка, Грозде Ѓоргиевски истакна дека ваквиот тренд е резултат на владините мерки и политики спроведени во изминатите години со кои покрај младите лица до 29 години, вработени се голем број активни баратели на работа од средно доба, а како што рече, реализирани се многу обуки кои им помогнале невработените лица да најдат работа.

- Со обука кај познат работодавач вработени се 15 лица, а десет фирми имаат аплицирано.  По завршувањето на обуката работодавачот има право да го задржи вработениот дванаесет месеци, изјави Ѓоргиевски.

Исто така, во тек е и огласот за условен паричен надоместок за вработувања на лица од социјален ризик. Тоа се лица коишто примаат социјална помош, жртви на семејно насилство, лица чии семеен приход во годината во која аплицирале е понизок 50 отсто од просечната нето плата.

-  За овој оглас имаат аплицирано пет лица и пет лица се вработени. Истотака, зголемен е интересот за грантови, при што досега имаат аплицирано околу 100 невработени во двата огласи од кои 30 се селектирани, додава Ѓоргиевски.

Проектот „Македонија вработува 2“  е мерка на Владата на Република Македонија со цел да се намали стапката на невработеност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...