Третиот „Summer festival“ на 29 и 30 јули во Пробиштип

Штип, 23 јули 2016 (МИА) - Пробиштип се подготвува за фестивалот „Summer festival“, кој ќе се одржи на 29 и 30 јули.

Градоначалникот на Пробиштип Тони Тоневски на денешната прес-конференција истакна дека фестивалот се одржува трета година и додаде оти општината и фирмите, кои донираат, се трудат да им ги разубават летните денови на пробиштипјани, но и на граѓаните од источниот регион.

За фестивалот во Пробиштип е карактеристично што организаторите исклучиво покануваат пејачи од македонската естрада.

- Имаме и од народните и забавните изведувачи, а на крајот имаме и ди џеј кој младите генерации ќе ги забавува. Првата вечер, на 29 јули со почеток околу 22 часот ќе настапат Кате и групата „Нели ти реков“, по нив следуваат „Eye Cue“ и Тијана Дапчевиќ, која ќе ја затвори првата вечер. Втората вечер ќе настапат групата „Аце и Јоце“,„Љубојна“ и „Супер хикс“, рече Тоневски. Додаде дека на фестивалот активно учествуваат и сите угостители од Пробиштип.

Минатата недела, како што рече, заврши и постапката за јавно наддавање за одредување на локациите на штандовите на угостителските објекти.

Општина Пробиштип од буџетот за овој летен фестивал одвојува 300.000 денари, а средства се обезбедуваат и од фирмите кои се спонзори на манифестацијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...