МВР Билтен

Скопје, 24 јули 2016 (МИА) - Во Полициската станица Прилеп вчера прилепчанецот В.Х. пријавил дека околу 18:30 часот додека со Ф.И. (28) се возеле со патничко возило „Сеат Леон“ со прилепски регистарски ознаки, низ населба Варош, во задниот дел  бил удрен со мотор „Веспа“ кој го управувало непознато лице. После тоа В.Х. застанал на друга улица за да види колкава е штетата на возилото. Во тој момент пристигнало истото  лице со уште едно непознато лице и со метален предмет почнало да удира по задното ветробранско стакло, а ги скршило стаклата од задната десна врата. Сторителот во неколку наврати го удрило Ф.И.  во десниот лакт, десниот рачен зглоб, десната надколеница. Но, и покрај тоа В.Х. успеал да го стартува возилото и се упатил кон ПС Прилеп. Доктор од Итна медицинска помош кај В.Х. и Ф.И. констатирал телесни повреди. ПС Прилеп презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот..

Во Општа болница Куманово, утрово во 02:30 часот кумановецот А.Ш. (29) пријавил дека околу 00:15 часот додека седел во ресторан на плоштад „Маршал Тито“ со Р.З.,  биле физички нападнати од страна на А.Н., А.Н., С.Н., А.Н и, Б.Н. Притоа бил удиран со безбол палки  по глава и тело и му биле нанесени видливи повреди, а Р.З. го удирале со тупаници.  По извршеното дело сторителите побегнале од местото на настанот.  На повредените им била укажана лекарска помош во Општа болница Куманово, каде се задржани на лекување. СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Вчера околу 17:00 часот во Битола на ул. „Браќа Миладинови“, во сопствената куќа бил пронајден починат Б. Д. (53). Доктор од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Увид извршила екипа од СВР-Битола. Од страна на јавен обвинител наредена е обдукција врз телото на починатиот.

Вчера во 13:20 часот во Гостивар од заскитан куршум со повреди во пределот на ногата се здобил Ќ. М. (70) од с.ДолнаБањица, гостиварско, во момент  кога вршел земјоделски работи во неговата нива. На Ќ.М. му била укажана лекарска помош во Клинички центар Тетово, но поради сериозноста на повредите истиот е пренесен во Ургентен центар Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Вчера во 17:00 часот на ГП Табановце, при  пасошка контрола било констатирано дека лицето Е.Н. (47) од Скопје евидира на СТОП-Листа за издржување казна затвор во траење од еден месец и 10 дена за сторено кривично дело  „загрозување на безбедноста на сообраќајот“. Е.Н. е лишен од слобода и во 17:15 часот, со Потврда за предавање на лице, предаден е на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Вчера во 12:30 часот на ГП Долно Блаце, при пасошка контрола билоконстатирано дека лицето М.Б. (43) од Скопје евидира со мерка „Апси“. М.Б. е лишен од слобода и во 13:30 часот,  со Потврда за предавање на лице,   е предаден на полициски службеници од ПС Чаир за понатамошна постапка.

Вчера во 18:00 часот на ГП Табановце, при пасошка контрола било констатирано дека лицето М.Ш. (50) од Србија евидира на СТОП-Листа за издржување казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“-соизвршителство. М.Ш. е лишена од слобода и во 18:55 часот, со Потврда за предавање на лице,  е предадена на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Утрово во 01:30 часот во Скопје на булевар „Гоце Делчев“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, од страна на полициски службеници од ПС Центар лишен е од слобода К.К. (27) од Република Турција.

Утрово околу 02:00 часот на ГП Табановце, поради сомение за фалсификувана патна исправа, приведен е Т.О. (23) од Република Албанија. Во 03:30 часот Т.О. е донесен во ПС Куманово за понатамошна постапка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...