Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестираше над 62 милиона евра во преку 280 спортски објекти

Охрид, 24 јули 2016 (МИА) - Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години инвестираше над 62 милиона евра во повеќе од 280 спортски објекти, рече денеска лидерот на партијата Никола Груевски при посетата на Општина Дебарца.

Одговорајќи на новинарски прашања, Груевски истакна дека тука влегуваат спорстките сали, фудбалските, мултифункционалните, тениските игралишта,...

- Над 90 спортски сали се веќе завршени, дел се градат, а до крајот на следната година очекуваме повеќе од 110 да бидат целосно завршени. Завршени се 50 фудбалски терени за голем фудбал кои беа дел од нашата програма и ветување, 74 тениски терени, 64 мултифункционални игралишта, како и голем број други спортски објекти меѓу кои и вештачката карпа. Тука не ги вбројуваме спортската арена „Филип Втори“ или СЦ „Борис Трајковски“, нагласи Груевски.

Според него, голем дел од спортските објекти се во завршна фаза, вклучувајќи ги и спортските терени во Охрид кои ги посети вчера.

- Има многу проекти кои се во тек и наскоро ќе се зголеми бројката на инвестиции во спортски објекти кои за волку краток временски период никогаш во минатото не се случувале во Македонија. Верувам дека тие не само што ќе помогнат во иднина за подигнување на спортот, туку ќе помогнат многу и за младите и повозрасните за рекреација. Наместо слободно време да го насочат кон некои несакани работи, пороци како дрогата, алкохолот, коцкањето,...најдобро е кога младите слободното време и енергија ќе ги потрошат на спорт и рекреација, нешто што го подига спортскиот дух, што го подобрува здравјето и што учи добро, а не лошо, подвлече Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на неговата обиколка на Општина Дебарца ја посети пешачката патека на брегот на Охридското езеро лоциран во оваа Општина и имаше средби со жителите на селата Горенци и Ботун.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...