Министерот Јолевски во посета на Одделот за мировни операции во САД

Скопје, 25 јули 2016 (МИА) - Министерот за одбрана Зоран Јолевски, за време на работната посета на САД, во Њујорк, во седиштето на ООН остварил работна посета на Одделот за мировни операции. 

На средбата со неговиот домаќин потсекретарот на ООН и шеф на Одделот за мировни операции Херве Ладсоус, соопшти денеска МО, министерот Јолевски го информирал дека во рамки на Министерството за одбрана се размислува за зголемување на учеството на АРМ во мировните операции и давање поголем придонес кон светскиот мир.

Ладсоус ја поздравил оваа иницијатива и ги понудил сите капацитети на Одделот за мировни операции на ООН на располагање како помош за Армијата на Република Македонија и Министерството за одбрана при планирањето, донесувањето на одлуките и во подготовките за распоредување македонски контингент во дел од постоечките мировни мисии на ООН.

Како што стои во соопштението, Јолевски разменил идеи околу регионалните иницијативи во доменот на мировните операции кои биле поддржани од страна на Ладосус.

Министерот Јолевски информирал дека Македонија од септември ќе биде домаќин на Штабот на Балканските медицински сили, како и за тоа дека е кандидат за седиште на штабот на SEEBRIG, бригадата на Југоисточна Европа.

- Двајцата соговорници ја завршија средбата со заклучок дека изнесените идеи имаат сериозен потенцијал за натамошно унапредување на соработката, се вели во денешното соопштение од МО.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...