МВР Билтен

Скопје, 25 јули 2016 (МИА) - Во скопското село Глумово на 23.07.2016 година околу 20.20 часот непознат сторител од непознат правец и од непознато огнено оружје испукал повеќе куршуми. Притоа, еден од испуканите проектили нанел телесна повреда на палецот од левата нога на 14 годишно девојче, кое во тој момент седело со другарките во дворот од куќата.

МВР денеска соопшти дека девојчето било пренесено во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде и е укажана лекарска помош и е пуштена на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

На 23.07.2016 година околу 20.20 часот во скопско Глумово, непознат сторител од непознат правец и од непознато огнено оружје испукал повеќе куршуми. Притоа, еден од испуканите проектили завршил во предната хауба од патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.С. (42) од село Глумово, кое било паркирано пред неговата куќа. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Во Полициската станица во Гостивар на 24.07.2016 година во 21.00 часот, Ј.А. (37) од село Д.Бањица, пријавил дека во наведеното време З.М. (55) од село Балин Дол, при семејна веселба, од неговиот пиштол, кој го поседувал со дозвола, испукал неколку куршуми во воздух. Испуканите проектили завршиле во куќата на Џ. Ј. од село Чајле и предизвикале  оштетување на кровната конструкција. З.М. бил приведен од полициски службеници од Полициското одделение - Чегране. Со Потврда за одземени предмети му бил одземен пиштолот, една рамка со седум куршуми калибар 9мм и дозволата за оружје.

На  24.07.2016 година во 13.00 часот во СВР Куманово, Д.Ф. (34) од кумановското село Лопате, пријавил дека истиот ден околу 11.30 часот додека тој бил во дворот заедно со неговото семејство и други роднини, дошол Ќ.Д. (околу 50 години) од село Лопате. Тој без повод и причина почнал да вика, да ги навредува и со нож го нападнал Д.Ф.  нанесувајки му видлива повреда во пределот на стомакот по што побегнал од местото на настанот. Увид извршила увидна екипа на СВР-Куманово. Во 13.10 часот Ќ.Д. бил приведен во ПС. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 24.07.2016 година околу 16.45 часот во тетовското село Челопек, во свињарска фарма настанал пожар при што изгореле дрвени палети, даски и една работна машина „Багер“. Од страна на Противпожарната единица Тетово пожарот бил локализиран. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Тетово.Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

На 24.07.2016 година во ПО Велушина-СВР Битола, пријавено е дека на 22.07.2016 година околу 09.00 часот од дома во непознат правец се оддалечила Р.А. (27) од село Велушина. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 24.07.2016 година во 11.30  часот во Полициската станица во Чаир, Т.С. (52) од Скопје пријавил дека на 23.07.2016 година околу 19.00 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот син Ј.С. (19). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Во Полициската станица во Тетово вчера во 11.05  часот И.Б. (41) од тетовско Стримница, пријавил дека на 23.07.2016 година околу 22.00 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот син  В.Б. (21). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 24.07.2016 година во 02.45 часот на патот Велес – Неготино, кај мв.„Летиште“, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Ауди“ со германски национални ознаки, сопственост и управувано од К.П. (34) од Р.Грција, излетало од патот. Во незгодата со телесни повреди се здобиле сопатниците Р.А. (34) од Р.Грција и 17 годишник од Р.Грција. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ПС Неготино.

На 24.07.2016 година во 17.30 часот во Велес на ул.„Димко Најдов“ се случила сообраќајна незгода во која Д.Ј. (56) од Велес, управувајќи велосипед изгубил контрола и паднал во канал за атмосферски води. Д. Ј. е пренесен во Општа болница Велес каде му се констатирани телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Велес.

На 24.07.2016 година во 18.00 часот на ГП Табановце, при пасошка контрола констатирано е дека лицето М.Е. (37) од Скопје евидира  на СТОП-Листа за издржување казна затвор во траење од еден месец и 20 денови за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“. Лицето е приведено и во 19.20 часот, со Потврда за предавање на лице, истото е предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

На 24.07.2016 година во 09.50 часот на ГП „Деве Баир“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на патна исправа“, приведен е М.В. (34)  од Р.Албанија. Во 10.15 часот истиот е предаден на полициски службеници  од ПС Крива Паланка за понатамошна постапка.

На 24.07.2016 година во 17.40 часот на ГП „Деве Баир“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на патна исправа“, приведен е B.A. (25) од Р.Албанија. Истиот е предаден на полициски службеници од ПС Крива Паланка за понатамошна постапка.

Полициската станица во Гевгелија поднесе кривична пријава против Т.Б. (49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Пријавената на 04.07.2016 година, на локалниот пат од село Фурка кон патот Дојран-Валандово,  на три места подметнала пожар при што биле опожарени околу осум хектари површина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...