Седница на ДИК

Скопје, 25 јули 2016 (МИА) - Државната изборна комисија (ДИК) за денеска во 15:30 часот закажа седница на која на дневен ред се повеќе точки кои произлегоа од измените на Изборниот законик, донесени во петокот врз основа на договорот на претставниците на политичките партии постигнат минатата недела.  

На дневен ред се Упатство за постапување по поднесени пријави на граѓаните чии записи во Избирачкиот список по спроведените административни и теренски проверки се спорни записи, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список, заклучок за објавување на списокот на спорните записи на веб страницата на ДИК, Јавен повик и образец односно пријава за пријавување на лицата, Информација од ИТ секторот за состојба со гласачите чиј што список треба да биде објавен на веб - страницата на ДИК, Одлука за отворање канцеларии на ДИК во седиштата на единиците на локалната самоуправа каде ќе се спроведува пријавувањето, Заклучок за писмено обраќање по пошта до граѓаните чии записи во Избирачкиот список по спроведените административни и теренски проверки се спорни записи, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список, Кодекс за набљудување на процесот за пријавување граѓани чии податоци во избирачкиот список по спроведените административни и теренски проверки се утврдени како спорни односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во избирачкиот список и Заклучок за писмено обраќање до политичките партии за номинирање на набљудувачи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...