„Откровение во бои“ - изложба на икони во ресенскиот Сарај

Ресен, 25 јулин 2016 (МИА) - „Откровение во бои“ е насловот на изложбата на икони на братот и сестрата Златко и Соња Лечковски што вечер ќе биде отворена во Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен.

Околу 25 дела пред публиката ќе бидат прикажани во наредните седум дена  во ресенскиот Сарај.

Иконата, според иконографот Златко Лечковски, е писмо напишано со бои, наместо со букви.

- Иконографијата е мојата пасија, а своја душа низ иконите сум оставил насекаде низ светот, во цркви, манастири и домови. Во мојата иконографска кариера сум изработил над 1.000 дела. Надвор од иконографијата, историјата е мојата определба, изјави Лечковски.

Во рамките на летната програма на Домот на културата во Ресен в среда настап ќе имаат актерите од драмското студио „Солза и смеа“ од Битола, со нивната последна премиера „Разбуди се Като“.

-  Во лето кога во Преспа ни доаѓаат и голем број од нашите иселеници, сакаме да ја збогатиме културната програма и да понудиме за секого по нешто - историја, традиција, култура, но и хумор. Затоа во текот на оваа недела, но и за време на викендот, Домот на културата организира неколку настани со кои го подига нивото на квалитет на културна понуда во регионот, изјави директорот на Домот Васко Василевски.

На програмата в четврток ќе има поетско-музичка вечер „Љубовта како двигател во македонската поезија и музика“, на која ќе биде претставена дел од поезијата на младиот поет Филип Димкоски од Прилеп, со учество на група млади музички уметници од преспанскиот крај.

Настаните се одржуваат во организација на Домот на културата „Драги Тозија“ од Ресен, под покровителство на градоначалникот на Општина Ресен Ѓоко Стрезовски, а со поддршка на Министерството за култура.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...