Во Штип заврши реконструкцијата на улици во центарот и населбата Карорман

Штип, 25 јули 2016 (МИА) - Општина Штип заврши со асфалтирање на три улици во Штип и на улици во населбата Стар Караорман. Портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов на денешната прес-конференција информира дека реконструирани се улиците „Димо Хаџи Димов“, „Јане Сандански“ и „Борко Талев“. Општина Штип во овие улици инвестираше 70.000 евра.

- За време на викендот заврши асфалтирањето на улиците во Караорман вредни три милиона денари. Станува збор за асфалтирање на 14 улици кои конечно се уредени по неколку децении. Овде активностите траеја малку подолго заради обемноста на градежниот зафат, вели Ристов.

Општина Штип презема активности за асфалтирање на нови улици согласно завршените тендерски постапки. Во текот на наредните денови ќе се почне со асфалтирање улиците „Мара Минанева“ и „11 конгрес“ каде ќе биде ставен втор слој на асфалт, потоа „Иво Лола Рибар“, „Вита Поп-Јорданова“, „Крсте Мисирков“, „Сремски фронт“ кај поранешен „Базалт“, „АСНОМ“, како и улиците во селата Селце и Драгоево.

Општина Штип во изминатите три години асфалтираше над 110 улици во градот и селата. Уредени се и сообраќајниците кои се влез и излез на Штип од Скопје, Кочани и Струмица, а дел од средствата освен од Буџетот на локалната самоуправа беше обезбеден и преку Јавното претпријатие за државни патишта и Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...