Виртуелни изложбени тури по повод 53 години од скопскиот земјотрес

Скопје, 26 јули 2016 (МИА) - „Скопје 63 - виртуелни изложбени тури“ е насловена изложбата која ќе биде отворена вечер во  Музејот на Град Скопје по повод 53 години од трагичниот скопски земјотрес. 



Во изминатите години Музејот создаде импресивна збирка на предмети, фотографии, филмски записи, архивски документи кои беа прикажувани на годишните изложби организирани на секој 26 јули, но за да ги запознае младите со трагичниот настан од 1963-та Музејот конципираше нов изложбен модел базиран врз дигиталните технологии т.е. на јазик кој им е разбирлив јазик на младите генерации.

- Годинава започнуваме со дигитално-виртуелно претставување на конвенционалните изложбени концепти, со што на граѓаните ќе им понудиме многу поголем број информации. Виртуелниот концепт на претставување на музејскиот материјал кој го започнуваме ќе биде постојано надополнуван со нови идни концепти со што ќе се создаде база за создавање Виртуелен музеј на 26 Јули. На тој начин сите информации и предмети кои Музејот на град Скопје ги собираше изминативе години ќе бидат достапни за граѓаните на светот еднакво како и за граѓаните на Македонија, презентирани на неколку светски јазици, информира Музеј на Град Скопје.

За годинашното одбележување се изработени виртуелни изложбени тури со 360* приод до четири конвенционални изложби, каде посетителите на веб-страниците на Музеј на град Скопје и на Град Скопје ќе имаат можност интерактивно да ги избираат и разгледуваат содржините по сопствен избор во текот на целата година.

Избраните четири изложби во продукција на Музеј на град Скопје се на темите: 2006-Граѓаните на светот за граѓаните на Скопје; 2009-Скршениот град; 2013-Скопје 63 - одбележување 50 години од земјотресот; 2014-Скопје 63 - Филмска хроника на едно време.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...