Почнува проект за „Зајакнување на правната соработка за граѓански и криминални прашања“

Скопје, 26 јули 2016 (МИА) - Консолидирање на владеењето на правото во земјата корисничка преку подобрена имплементација на меѓународните и ЕУ стандарди и препораки во областа на слободата, безбедноста, правдата и почитувањето на човековите права има за цел твининг проект „Зајакнување на правната соработка за граѓански и криминални прашања“, кој ќе се реализира во наредните осум месеци во Македонија.

Со проектот се опфатени вработените во Секторот за меѓународна правна помош при Министерството за правда, вработените во Јавното обвинителство, судовите и органите на прогон кои постапуваат по пат на меѓународна правна соработка во граѓанската и кривичната материја.

- Со овој проект ќе се зајакнат капацитетите на Секторот за меѓународна правна помош при Министерството за правда, Јавното обвинителство, судовите и другите институции кои се вклучени во взаемната правна помош во граѓанската и кривичната материја, рече денеска министерот за правда Валдет Џафери на отворањето на проектот.

Се поголемото слободно движење на луѓето и капиталот, како што истакна, покрај очигледните придобивки носи и предизвици.  - Од друга страна неспорен е фактот дека во современиот свет криминалот не познава граници. За жал, криминалците ги злоупотребуваат сите поволности, додаде министерот за правда.

Џафери нагласи дека со експанзијата на кривичните дела со странски елемент во последните децении степенот на меѓународната правосудна соработка во казнената област добива нови размери, а скапите и исклучително бавни постапки, како што рече, мора да се заменат со единствени и ефикасни постапки.

- Република Македонија ги следи сите меѓународни трендови и во граѓанската и во кривичната област. Затоа овој проект е од големо значење за нашата држава. Од една страна ќе се направи проценка колку сме усогласени со европското законодавство, а  од друга страна ќе се понудат практични решенија за евентуално подобрување на постојната правна рамка, нагласи министерот за правда.

Со овој проект, како што рече, ќе се даде значаен придинес во зајакнување и зголемување на ефикасноста на Министерството за правда и другите правосудни институции.

Проектот, кој е финансиран  од Европската унија, го спроведува холандскиот Центар за меѓународна правна соработка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...