Проштална средба Вељаноски - Орав

Скопје, 26 јули 2016 (МИА) - Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски на денешната проштална средба со евроамбасадорот Аиво Орав рече дека се надева на што поскоро и конечно решавање на политичката криза во земјава. Воедно истакна дека ќе стори се што е во негова надлежност за да се реализираат активностите од последниот договор меѓу политичките партии. 

Амбасадорот Орав, пак, како што соопшти Кабинетот на Вељаноски, нагласи дека се надева на брза имплементација на договореното со цел Македонија да се посвети на евроатланската интеграција и поскоро да ги почне преговорите за членство во Европската унија.

- Со оглед на сите предизвици со кои се соочува Европа како што се миграциската криза и терористичките напади, за ЕУ е важно да ја има Република Македонија како стабилен партнер, истакна Орав.

Соговорниците изразија задоволство од одличната меѓусебна соработка и изразија надеж дека така ќе продолжи да се одвива, на исклучително високо ниво, со заемно разбирање и пријателство.

Вељаноски се заблагодари за постојаната поддршка која Собранието ја добива од Делегацијата на Европската унија во Република Македонија и на крајот на средбата на Орав му посака успешна работа во неговиот иден ангажман.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...