Условот за најмалку 3.5 просек на Спортската академија ќе важи од наредната учебна година

Скопје, 26 јули 2016 (МИА) - Законската одредба според која учениците од Спортската академија мора да имаат најмалку 3.5 просечен успех за да можат да запишат следна година во тоа училиште ќе се применува од наредната учебна година. Одлагањето се должи на тоа што родителите на околу 130 ученици кои тој услов не го исполниле не биле информирани за неговото воведување во август минатата година.

Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски изјави дека одложената примена била меѓу неколку барања од областа на образованието за време на неодамнешните теренски средби со граѓани. Владата и МОН им излегуваат во пресрет почитувајќи го нивниот аргумент дека одредбата за успехот била воведена откако учениците веќе се запишале во Спортската академија во мај и јуни 2015.

Но, од наредната учебна година сите кои учат во Спортската академија ќе бидат обврзани да имаат просек од најмалку 3.5 за теоретските и за практичните предмети, а ако тоа не го постигнат ќе треба да се отпишат од академијата и да се запишат во друго средно училиште. 

Измените со кои се одлага одредбата ги направи Министерството за образование и наука, кое и ги предложи до Владата. Таа  ги усвои и му ги предложи на Собранието. Матичната собраниска комисија денеска нив ги прифати и се очекува да бидат усвоени и на пленарната седница. 

- Законската одредба настапила по периодот во кој учениците се запишани, што де факто се смета за услов кој не бил дел од процесот во периодот кога ученици се имаат запишувано. Сите ученици во Спортската академија ќе го продолжат своето образование следната учебна година во Академијата, никој нема да биде отпишан, со тоа што одредбата се одлага за следната учебна година. Имајќи го предвид фактот дека оваа учебна година сите веќе ќе учат по новите услови и за сите новозапишани ќе важи условот за просек од 3.5, изјави Ристовски по седницата на матичната комисија во Парламентот. 

Најниска просечна оценка од 3.5 е воведена затоа што целта на формирањето на Спортската академија, посочи тој, е да се подигне квалитетот на образование во областа на спортот генерално. 

- Не само во делот на активното и професионално занимавање со спорт, туку и во делот на спортскиот менаџмент, во делот на психологијата, спортското новинарство, на еден начин да се обезбеди зголемување на квалитетот во целата таа област. Токму поради тоа, ова училиште е регулирано со посебен закон и токму затоа во ова училиште важат посебни правила, додаде Ристовски за новината што се однесува на Спортската академија која има вкупно  680 ученици од целата држава. 

На новинарско прашање дали годинава ќе профункционира новиот универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје, Ристовски одговори дека целта на МОН и на Владата е тој да почне да работи многу скоро. За старт на неговата работа, како што рече, обезбедени се средства со ребалансот на Буџетот. 

- Тие во овој момент се доволни, меѓутоа ние имаме и дополнителни средства предвидени во буџетот на Министерството - доколку има потреба, со пренамена тие да се дообезбедат за потребите на универзитетот. Информиран сум дека матичните комисии до крајот на оваа недела треба да ги финализираат своите извештаи кои се однесуваат на начинот, формата и организацијата, во смисла на предлог за формирање управа на тој универзитет, предлог за број на наставен кадар кој ќе биде дел од универзитетот и, истовремено, предлози за квоти кои понатаму ќе бидат распишувани соодветно на бројот на факултети. Значи, процесите се движат но, сепак, отворањето нов универзитет е сериозна работа и изискува голем број активности, истакна Ристовски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...