За шест месеци матичните лекари прегледале над 93.900 осигуреници

Скопје, 26 јули 2016 (МИА) - Матичните лекари во 2016 и 2017 година треба да извршат превентивни прегледи на осигуреници на возраст од 35 до 56-годишна возраст. Во оваа категорија припаѓаат 664.000 осигуреници од кои во првото полугодие од годинава, превентивни прегледи направиле 93.907 осигуреници. Ова на денешната прес- конфернција го соопшти директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Стефановски.

- Со воведување на превентивните цели во примарната здравствена заштита за дејноста општа медицина, овозможуваме рационализирање и правилно искористување на средствата на Фондот, како и подигнување на квалитетот на здравствена заштита во државата, рече Стефановски.

Фондот, како што појасни, како обврска за матичните лекари воведе три цели кои се превентивни мерки за рано и навремено откривање на трите најчести незаразни заболувања: кардиоваскуларните, бубрежните заболувања и дијабетес мелитус, како и секундарна превенција на можните компликации од овие болести, кои лекарите мора да ги реализираат.

Од околу 90.000 осигуреници кои биле кај матичниот лекар во првите шест месеци од 2016 и направиле преглед за кардиоваскуларни заболувања, утврдено е дека низок ризик имаат 42.982 жени и 12.928 мажи. Кај околу 21.600 мажи и околу 11.200 жени откриен е среден ризик од кардиоваскуларни заболувања, а кај 172 мажи и една жена откриен е висок ризик од кардиоваскуларна фатална епизода во наредните десет години.

На лицата со висок ризик, како што рече Стефановски, им е даден соодветен совет или терапија, а се упатени и на кардиолог за понатамошно следење.

Според него, овие лица потребно е да ги следат советите на лекарите, да имаат поздрава исхрана и поголема физичка активност.

За превенција од нефролошки заболувања испитани се 93.907 осигуреници и кај 93.538 лица е утврден низок ризик од добивање на нефролошко заболување. Кај 368 лица утврден е умерен ризик, а едно лице е со висок ризик. 

Стефановски истакна дека потребно е осигурениците да намалат внес на соли, шеќери и мрсна храна затоа што 285 лица имаат крвен притисок над 160 со 120, а кај 3.970 лица се пронајдени протеини во урината. 


- На 1.853 лица им е утврдена намалена бубрежна функција според GFR (громелурална стапка на филтрација на бубрег). Тоа е алармантен знак и за што тие пациенти добиле соодветни препораки од матичните лекари и упатување на повиско ниво на здравствена заштита, рече Стефановски. 

За третото заболување-рана превенција од дијабетес, од 88.099 пациенти, кај 75.540 лица е утврден низок ризик од добивање дијабетес. Лесно покачен и умерен ризик е откриен кај 12.294 лица, а висок ризик кај 242 лица. 

- Кај 6.708 лица индексот на телесната маса е прекумерен, над 30 поени (BMI), односно тие се со дебелина. Вкупно 256 лица се упатени на орален гликоза толеранс тест, а поставена им е дијагноза дијабетес кај 105 од овие ипитаници, а кај 38 е утврдена преддијабетична состојба, рече Стефановски. Тој потенцира дека за да се намали ризикот од овие заболувања треба да се намали внесувањето на соли, шеќери и масна храна. 

Матичните лекари ги повикуваат своите пациенти на преглед преку телефон и со покани по пошта. 

Фондот за зравствено осигурување на Македонија испечати 350.000 едукативни материјали-флаери за своите корисници, како превенција од овие болести.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...