ОК на ВМРО - ДПМНЕ:Дамјановски плаќал 652 пати поскап превоз за ученици

Куманово, 26 јули 2016 (МИА) - Општинскиот комитет на ВМРО - ДПМНЕ Куманово, на денешната прес-конференција го обвини градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски дека плаќа 652 пати поскап превоз за ученици, за што била ангажирана фирма, како што наведуваат, блиска до СДСМ.

На прес-конференцијата ОК на ВМРО ДПМНЕ го повика јавното обвинителство да го испита работењето на општината и да ги провери сомненијата за сторен криминал во случајот со исплата на огромни суми за превоз на ученици, проследени со законски прекршувања. 

Како што истакна Марио Цветковски, претседател на УМС на ОК на ВМРО ДПМНЕ - Куманово, на прес-конференцијата во општина Куманово постои сомнение дека се исплаќале неверојатни суми за превоз на ученици, кои во споредба со општина Битола која е под лупа на СЈО, изгледаат, рече, застрашувачки.

- Според информациите со кои располагаме и поради кој се сомневаме, се прашуваме дали е нормално една дестинација да биде 1.029 пати поскапа во споредба со слична во општина Битола. Ако општина Битола и градоначалникот Владе Талески организирал превоз на дестинација Битола -Лавци во должина од 3.2 километри и цената поединечно за ученик изнесувала 12.18 денари, додека општина Куманово и градоначалникот Зоран Дамјановски организирал превоз на ученици на дестинација Спомен Костурница до основното „11 Октомври“ и обратно во должина од 2.2 км и цената на ученици поединечно изнесува застрашувачки 12.545 денари, рече Цветковски.

Тој наведе уште еден пример во кој објасни дека за дестинација Битола-Брусник во должина од 4,8 километри за ученик ја чинело Битола 8.12 денари, додека, како што подвлече, со недомаќински склучени договори, Дамјановски за дестинација Љубодраг-Ново,Село-Умин Дол,Куманово и обратно,по ученик,општина Куманово плаќала 2.489 денари. Цветковски нагласи дека 306 пати поскапа цена по ученик по километар.

- Според овие информации со кои располагаме,општина Куманово во делот на цени за организиран превоз на ученици ги има надминато и Токио и Њујорк и Париз заедно, рече Цветковски.

Тој рече дека доколку информациите се вистинити, тогаш парите на кумановци наместо за инфраструктурни проекти се одлевале во приватни фирми. Цветковски додаде дека Дамјановски мора да одговара пред граѓаните, но и пред институциите, доколку сомнежите се покажат како точни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...