Груевски: Продолжува проектот за бесплатни учебници

Пробиштип, 26 јули 2016 (МИА) - Проектот за бесплатни учебници за основци и за средношколци за кои во изминатите години се дадени околу 40 милиони евра ќе продолжи  оваа година. Се планира за таа цел да бидат вложени 11 милиони евра, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во изјава на новинарите по посетата на општина Пробиштип.

- Проектот е воведен од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, не беше ветен во програмата, но сепак, година две откако дојдовме на власт оценивме дека тоа би била значајна помош за семејствата затоа што илјадници семејства плаќаа околу 100 евра за учебници за своето дете. Оние што имаа по две или три деца по 200 до 300 евра одвојуваа од семејниот буџет за учебници. Она што го направивме е што досега се инвестирани приближно 40 милиони евра во набавка на учебници во последните седум години, рече Груевски.

Додаде дека оваа ќе биде осма година во која што ќе се инвестираат 11 милиони евра. - Износот ќе биде малку поголем затоа што оваа година ќе бидат воведени новите учебници по Кембриџ програмата по математика и по природни науки - физика, хемија и биологија, што ќе биде едно ново зголемување на квалитетот на учењето и на квалитетот на наставата, затоа што Кембриџ учебниците се едни од  најприфатените и најуспешните во светот. Користени се во многу држави и не случајно ние ја прифативме во проектот за воведување Кембриџ учебници по математика и природни науки. Со тоа оваа година ќе се заокружи воведувањето на Кембриџ програмата по математика и природни науки во основните одделенија од прво до деветто одделение, истакна Груевски.

Тој најави дека веќе следната година се планира аранжман со Кембриџ за средните училишта откако ќе се заврши со основните училишта.

Според него, Министерството за образование наскоро ќе треба да ги започне преговорите за средните училишта за воведување нови учебници и наставна програма по математика и природните науки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...