До 26 август предлози за ново име на плоштадот во Кавадарци

Кавадарци, 27 јули 2016 (МИА) - Се бара ново име за плоштадот во Кавадарци. Кавадаречкиот градоначалник Александар Панов објави повик граѓаните да даваат свои предлози до 26 август. Предлозите стигнати во општината ќе се селектираат и ќе следи законска постапка за промена на сегашното име „Маршал Тито“.

- Преименувањето на улиците и плоштадите во општината е моја програмска определба која доби зелено светло и од Советот на Општината. Советот пред неколку години изгласа одлука, со која се усвои листа на имиња на заслужни граѓани од Кавадарци, кои со своето дело оставиле траен белег во историјата на градот, стои во образложението од градоначалникот.

Тој денеска потсети дека врз основа на таа одлука беа извршени промени на имињата на повеќе улици и булевари, а се даде име и на градскиот парк. Затоа,  смета дека во овој период биле созреани условите за промена на името на градскиот плоштад. 

Според неговото убедување, Кавадарци и неговите граѓани заслужуваат плоштад чие име ќе го одразува духот на поднебјето и ќе потекнува од корените на славната кавадаречка историја.

- Овој потег во никој случај не е негирање на нашата поблиска историја и периодот после НОБ.  Напротив, мојата одлука е мотивирана од длабоки патриотски причини, а во духот на времето во кое живееме. Целта е јасна, да бидеме свои на своето и да ги почитуваме и величаме нашите кавадаречки, тиквешки и македонски корени, рече  градоначалникот Панов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...