Премиерот Димитриев се сретна со евроамбасадорот Орав

Скопје, 27 јули 2016 (МИА) - Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев денеска оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Аиво Орав, по повод завршувањето на мандатот на евроамбасадорот во нашата земја.

Двете страни ги поздравија билатералните односи помеѓу Република Македонија и Европската Унија. Соговорниците изразија задоволство од меѓусебната соработка на секое ниво од взаемен интерес, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Димитриев се заблагодарил за постојаната поддршка која Република Македонија ја добива од Европската Унија во реализацијата на реформите и проектите за унапредување на стандардите во сите општествени сфери, и за личниот ангажман на амбасадорот Орав во таа насока. Претседателот на Владата на амбасадорот Орав му посакал успешна работа во неговиот иден ангажман.

Соговорниците истакнале дека и во идниот период Република Македонија и Европската Унија ќе продолжат со соработка за реализацијата на стратешката цел за европска интеграција на нашата земја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...