Донирани нови 24 возила за Граничната полиција од ИОМ

Скопје, 28 јули 2016 (МИА) - Граничната полиција денеска доби донација од 24 нови возила од Меѓународната организација за миграција (ИОМ) со што ќе бидат зајакнати нејзините капацитети во справувањето на бегалско-мигрантската криза. Вкупната вредност на донацијата е околу 700 илјади евра.

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков, кој заедно со заменик министерот Агим Нухиу и директорот на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски, присуствуваа на предавањето на донацијата, нагласи дека ќе се продолжи со зајакнување на персоналните и материјално-техничките капацитети, како и со соработката со меѓународните организации и невладиниот сектор.

- Од денот на затворањето на Балканската рута, ние не бевме во заблуда дека ќе завршат проблмите со бегалската криза или со отворањето на нови рути. Нашите проценки беа дека ќе се активираат организирани криминални мрежи од Македонија и меѓународно. Сведоци сме на таква интензивна активност, но успеваме на висок професионален начин да ги превенираме преку откривање и враќање на мигрнатите кои илегално влегуваат во Република Македонија, изјави Чавков, заблагодарувајќи се на поддршката од ЕУ, на земјите од Вишеградската група, ИОМ и НВО.

Тој најави дека се очекуваат нови материјално-технички средства донации од ЕУ и од Чешка за Граничната полиција, со што ќе има севкупно околу 100 возила за различни намени.

Според Соња Божиновска, раководител на канцеларијата на ИОМ за Република Македонија, овие возила значително ќе придонесат за зајакнување на капацитетите на Граничната полиција во справувањето со комплексната миграциска состојба.

- Преку оваа програмска активност ИОМ поддржа и други активности како што е донација на опрема за поддршка на капацитетите за регистрација на мигрантите. Обезбедена е поддршка во опремување на транзитните прифатни центри со услови за привремено сместување на мигрантите, донирана е и опрема за медицинскиот сектор, а реновирани се болниците во Гевгелија и во Куманово, изјави Божиновска. Додаде дека се спроведени и обуки за припадниците на Граничната полиција и за други релевантни субјекти кои се вклучени во идентификацијата и асистенција на мигрантите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...