Ефективно би одговориле на евентуални терористички закани

Скопје, 28 јули 2016 (МИА) - Република Македонија има силно изградена професионална структура во рамки на МВР, која на дневна основа комуницира со партнерски служби во регионот и пошироко, разменување многу информации и тоа само по себе е гаранција дека навремено би превенирале, ефективно би одговориле на евентуални терористички закани.

Ова е одговорот од министерот за внатрешни работи Митко Чавков на новинарско прашање за тоа дали Република Македонија може да биде цел на терористички напади и дали сме подготвени да одговориме односно да превенираме.

- Има реални можности за евентуален терористички напад, за тоа не треба посебна експертиза, едноставно треба да се водиме од индикаторите кои постојат. Ние досега сме покажале високи професионални капацитети во справување со терористички-насилни групи и ефективно сме се справиле со нив, нагласи Чавков, по денешната промоција на 24-те нови возила донација за Граничната полиција од меѓународната организација за миграции.

Според него, останува потребата од мобилизација на целокупното општество во рамки на Нацоналната стратегија за превенција од и борба против теоризам. Состојбите во Европа и пошироко, истакна, упатуваат на тоа дека нема простор за теоретско елаборирање на овие проблеми и за импровизација, туку треба конкретно и фактичко подготвување за евентуален терористички напад, бидејќи се многу реални. 

- Имаме случаи во минатото коишто биле на линија на насилен екстремизам, на тероризам, а јавноста била навремено информирана за тоа и за сите ефективни одговори кои сме ги дале како полиција. Имаме судски постапки и завршени судски постапки за терористички напади во РМ. Ланската година е процесуиран случај за странски борци, учесници во Сирија и други кризни жаришта во светот. Оваа година има продолжување на „Ќелија 1 и 2“, во кои беа зафатени уште неколку поединци кои биле во Сирија и се вратиле, лица кои давале поддршка во делот на регрутирање на странски борци. Сите тие случаи укажуваат дека е реална заканата од поединец или од група и во РМ, но овие закани не секогаш се предвидливи, тие се променливи и сложени закани и не секогаш можете да ги предвидете навремено, појасни министерот Чавков.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...