Чавков: Не е употребена физичка сила за време на изборот на студентскиот лидер

Скопје, 28 јули 2016 (МИА) - Наредбата за распоредување припадници на Единицата за брзо распоредување ја издал командирот на полициската станица на полициското станишно подрачје на тој простор, а командирот е избран од Советот на општина Центар. Наредбите се носат на тактичко ниво и не треба да се мешаат политичкото и стратешкото ниво. 

Ова е одговорот од министерот за внатрешни работи Митко Чавков на прашањето кој ја издал наредбата за распоредување на припадниците на Единицата за брзо рапсоредување пред студентскиот дом „Кузман“ во Скопје на 30 јули кога се избираше студентскиот лидер поставено од пратеникот Стефан Богоев од СДСМ на денешната собраниска седница на која се поставуваат пратенички прашања. 

- Одговорно тврдам дека не е употребена физичка сила, со присуство на полициските структури е обезбедена заштита на младите луѓе независно од која страна биле, рече Чаковов, додавајќи оти во прва полициска станица во координација со службите на тактичко ниво биле определени единиците кои треба брзо да превенираат судир.

Министерот за внатрешни работи уште еднаш појасни дека командирот на полициската станица ја проценува потребата кога има настани, не раководи со специјалните единици, но, подвлече, може да побара поддршка.

- За овој настан и за претходно споменатите настани во делот на протести или обезбедување протести или во делот на наводна примена на сила од страна на полицијата, тврдам дека полицијата на многу високо професионално ниво се справуваше со овие предизвици, иако според сите информации требаше да бидат воведени во сценарио на конфликт со граѓаните на РМ, изјави од говорницата министерот Чавков.

Посочи дека протестите се легитимно право на сите граѓани, но, потенцира, по насилствата од поединци или злоупотребата на овие протести од страна на поединци или групи кои беа манифестирани на различни начини со напади и повреда на полициски службеници и напад на витални објекти на РМ, полицијата беше должна да обезбеди максимална безбедност и на оние кои протестираат и на останатите граѓани.

Чавков ги оцени за шпекулации изјавите за примена на сила од страна на полицијата и потсети дека кога се случуваа протестите министер за внатрешни работи беше Оливер Спасовски, а началник на СВР - Скопје Лазе Велковски. Во нивно време, рече, се поднесоа прекршочни пријави и кривични пријави за поединци кои во рамки на протестите ги нападнаа полициските службеници.

Во образложението министерот Чавков пред пратениците истакна дека до 2006 година не постоеше Закон за полиција, до 2006 година имаше уставна забрана за следење на комуникацијата, до 2006 година се извршуваа полициски работи без конкретни законски решенија, а по 2006 година, рече, се донесени многу европски законски решенија, а сето тоа создаваше претпоставки за професионализација на полицијата. Потсети дека тој е вработен во полицијата од 1986 година.

- Министерот за внатрешни работи е за спроведување политики во рамки на МВР и имаме разграничување на политичко, стратешко и тактичко ниво во остварувањето на МВР. Направени се квалитетни реформи кои го подигнаа капацитетот на МВР и во однос на донесување одлуки и координирање со полициските сили  во однос на несењето одлуки на различни нивоа, истакна Чавков.

Според него, реформите во ресорното Министерство дадоа силни ефекти во остварување на функцијата на МВР, за што показатели и потврда се меѓу другите извештаите на Стејт департментот за вкупните капацитети на национално ниво на државите во борбата против трговија со луѓе и криумчарење со мигрантите, а РМ веќе 5-6 години е во прва категорија држави во изградени капацитети, како во истражувањата на ОБСЕ кои се вршат секои две години, полицијата ужива огромна доверба меѓу граѓаните.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...